Новак Ѓоковиќ го победи Литванецот Ричардас Беранкис со 3:0 и се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос. Натпреварот траеше само еден час и 34 минути и во ниту еден момент немаше сомнеж во триумфот на најдобриот играч на светот. На крајот, Србинот дојде до 6:1, 6:4, 6:1 и се пласираше меѓу 16-те најдобри.
Тој во следната рунда ќе игра против Италијанецот Лоренцо Мусети, кој го елиминираше својот сонародник Марко Чекинато во пет неизвесни сета.
Литванецот кој никогаш во кариерата не му земал сет на Ѓоковиќ на почетокот на овој дуел беше очигледно дека тешко ќе направи сензација.