Раскол во репрезентацијата на Германија пред ЕУРО

669

Европското првенстви ќе биде последно големо натпреварување за Јоаким Лев како селектор на германската репрезентација. После 15 години, овој 61-годишен стручњак ја напушта клупата на „панцирите“.

Непосредно пред стартот на ЕУРО 2020 тој се соочува со проблеми, кои најверојатно нешто порано ги немал.

Според „Билд“, репрезентативците не се воодушевени од тактиката на својот предводник. Ова посебно се однесува на формацијата 3-5-2. Најголем бунт доаѓал од фудбалерите на Баерн, кои се навикнати да играат на систем со четири играчи во задната линија.

Лев се соочува со голем отпор внатре во тимот, па ќе видиме како ќе се справи со оваа репрезентација.

Германија е еден од домаќините на ова првенство, ќе игра во Минхен. Групата е многу тешка, ќе игра против Франција, Португалија и Унгарија.

ПретходноТевез објави крај на професионалната кариера
СледноОдбојкарите преку Хрватска до битка за златото во Сребрената лига