Шпанија и Португалија одиграа пријателски меч без погодоци во рамките на подготовките за ЕУРО 2020. Гостинската селекција на овој меч ја предводеше Кристијано Роналдо, еден од најдобрите играчи на сите времиња.
За Португалецот ова беше 174. меч во репрезентативниот дрес, па полека се приближува кон светскиот рекорд по бројот на настапи за националниот тим.
Роналдо е на десет меча до рекордот на Ахмед Хасан, кој за египетската репрезентација одигра 184 меча. Пред Ронадо се уште осум играчи, меѓу кои и Серхио Рамос, кој стигна до бројката 180.
Рамос нема да биде на континенталното натпреварување. Роналдо со сигурност ќе одигра три меча, а доколку Португалија продолжи ќе има шанса да се израмни, па дури и да го стигне.