Претседателот на УЕФА. Александар Чеферин многупати до сега зборуваше за Суперлигата, дирекнто и конкретно ги ктирикуваше основачите Јувентус, Реал и Барселона, кој се уште не се откажале.
Словенецот е најлут на Андреа Ањели, првиот човек на Јувентус за него повеќе не постои.
„Мислев дека сме пријатели, но ме лажел во лице, ми зборуваше дека не морам да се грижам, а ден подоцна ги потпишал сите документи за новото натпреварување. Никогаш не се сомневав.
Главните личности од иницијативата за Супре-лигата ги делам на три категории. На прво место го ставам Ањели, тоа е лично, за мене таа личност веќе не постои“, порача Словенецот.
УЕФА покрена дисциплинска постапка против Реал, Барса и Јувентус, поради потенцијално кршење на правилата на УЕФА. Останува да видиме дали споменатите три клуба навистина ќе бидат казнети.