Иџе осмопласиран на втората трка во Мисано

195

Игор Стефановски-Иџе, конечно, без проблеми ја заврши трката од ТЦР Италија шампионатот и се пласираше на осмото место. Нашиот најдобар автомобилист не можеше да смета на најдобри перформанси од својот автомобил по вчерашните судири и излетувањето од патеката, сепак, ја заврши трката иако на осмата позиција.

Иџе беше лут поради противничките возачи кои не внимаваат на правилата додека возат, а денеска успеа да избегне „удар“ и да извози до крај. На крајот имаше девет секунди послабо време од првиот Бури од Финска.

На пиедесталот покрај Бури се качија уште Балдан и Јанг.

ПретходноТриумф на Мигуел Оливеира на ГП Каталонија
СледноСе враќа во Интер после 15 години!