Возачот на КТМ, Мигел Оливеира триумфираше на седмата трка од годинашниот шампионат во Мото ГП која се возеше за Големата награда на Каталонија.
Португалецот стигна до својата прва победа оваа сезона и трета во кралската класа, оставајќи го зад себе Жоан Зарко на Дукати.
На подиумот со Оливеира и Зарко се искачи уште еден возач на Дукати, Џек Милер, иако всушност Фабио Квартараро беше трет, но поради казните кои ги доби на крајот зарши како шестопласиран.
Французинот беше казнет со додавање на три секунди по завршувањето на трката, поради непочитување на прописи при претекнување, а дополнителна казна од три секунди доби и за тоа што во финишот возаеше со откопчан комбинезон.










