Екипата на Радовиш и следната сезона ќе се натпреварува во ракометната елита во Македонија.
Радовишани рутински денеска во рамките од бараж мечот за опстанок го совладаа тимот на Шампион со конечни 37:20 и на тој начин обезбедија опстанок во првата лига.
Уште од самиот стартг на мечот, тимот на Радовиш стави до знаење кој е кој на овој меч, неговиот квалитет дојде до израз па на семафорот набргу стоеше двоцифрена разлика. Истата во текот на мечот само се големуваше.