Селекцијата на Австрија, првиот наш ривал на ЕУРО 2020, меч кој ќе се игра во недела, попладнево во Виена на стадионот „Ернест Хапел“ одигра 0:0 против селекцијата на Словачка. Ова за момците на селекторот Франко Фода беше последната проверка пред настапот на ЕП и дуелот со Македонија.
Интересно, и во втората контрола репрезентативците на Австрија не успеаја да постигнат гол. Прво со Англија загубија со 0:1, а денеска играа без голови со Словаците.
Фода попладнево мечот го започна со: Бахман, Тримел, Лајхарт, Хинтерегер, Улмер, Грилич, Алаба, Лазаро, Сабицер, Баумгартнер, Калајџиќ. Играа и Лајмер, Илсанкер, Арнаутовиќ, Грегорич, Шауб, Пош.










