Дресовите на Украина со мапа на анексираниот Крим предизвикаа проблеми пред Еуро 2020

691

Новите дресови на украинската фудбалска репрезентација со мапа на анексираниот Крим од Русија предизвикаа остри реакции во Русија.

Украина ги покажа своите нови дресови за Еуро 2020, украсени со мапата на земјата, која го вклучува и полуостровот Крим, а на нив се наоѓа и натписот „Слава на Украина!“

Слоганот „Слава на Украина!“ беше скандиран од демонстрантите кои го принудија прорускиот претседател Виктор Јанукович да си даде оставка.

„Веруваме дека мапата на Украина ќе им даде сила на нашите играчи, бидејќи тие ќе се борат за сите Украинци“, изјавија од националната федерација.

ПретходноДарко Велковски ова лето би можел да се пресели во Панатинаикос!
СледноТочно 28 години без кошаркарскиот “Моцарт“!