Македонија на ЕП патува со “виза“ за 1/8 финале!

2586

Ништо не се остава на случајност, па така и нашите фудбалери и стручниот штаб утре заминуваат за Букурешт со мисла што е можно подолго да останат на ЕП во историскиот момент за нас и премиерата на македонскиот фудбал на големите натпреварувања.

УЕФА и ФФМ од организациски апсект мислат на сите детали. Она што е интересно е тоа дека нашата репрезентација патува за Букурешт, но во своите пасоши фудбалерите имаат виза која треба да се искористи за евентуален настап во 1/8 финалето од ЕП.

Британската виза е во патните исправи а на дуелите со Австрија, Украина и Холандија нашите фудбалери треба да се изборат за нова историја. Лондон и Глазгов се двата од вкупно седумте града домаќини во 1/8 финалната фаза од ЕП.

За да нема дополнителни административно бркотници се е средено уште пред заминување.

Сега на вас е момци да се изборите за следна фаза. Она што е важно е тоа дека британска виза е потребна и за 1/4 финале, 1/2 финале и за големото финале.

ПретходноФФМ им ги врачи билетите за ЕУРО 2020 на вработените од клиниката за инфективни болести
СледноЃоковиќ губеше со 0:2, по со неверојатен пресврт се спаси од елиминација (ВИДЕО)