Металопластика последна обврска за Вардар сезонава

415

Вардар 1961 со двомечот против Металопластика во Скопје ја затвора оваа сезона. Македонскиот тим ќе бара победа на двата натпревари за место во четвртфиналето во СЕХА лига каде ги чека пресметка со ППД ЗАГРЕБ.

Првиот натпревар се игра денеска со почеток во 17:30 часот додека реваншот е утре.

За голем дел од ракометарите ова ќе биде последен настап во дресот на Вардар1961 кој од следната сезона ќе биде сосема поинаков.

Во составот ќе го нема Борко Ристовски кој ќе прави операција на коленото.

ПретходноРаботнички го донесе Бојан Илиевски како прво засилување
СледноВанче Шиков, некогашен интернационалец во Австрија и Украина: Можеме да ја минеме групата на ЕП!