Австрискиот селектор за Македонија: Ќе се бранат и ќе чекаат на наши грешки

1550

Селекторот на австриската репрезентација, Франко Фода, по вчерашното реми со Словачка во последниот тест за австриската селекција пред Еуро 2020, вели дека овој меч со Словаците во многу нешта ќе наликува на она што ги чека на дуелот со Македонија.

„Против Словачка ни недостасуваше темпо. Едноставно мора да играме подиректно кон противничкиот гол. Во врска со големите шанси кои противникот ги имаше по загубена топка, веројатно слична игра ќе не чека и против Македонија. Исто така, тие се тим кој се брани многу компактно и демне на грешки на противникот. Потребна ни е само подобра реакција во одбраната. Во позициона игра ни треба поголема брзина“, изјавил Фода пред новинарите.

ПретходноХрватот Тот од Охрид се пресели во Бутел
СледноБен Вајт од Брајтон ќе биде замената за Александер-Арнолд во селекцијата на Англија