Прес-службата на аргентинската фудбалска федерација објави дека тие ќе учествуваат на претстојното издание на Копа Америка 2021.
„Репрезентацијата на Аргентина го потврдува учеството на Копа Америка 2021 година, што е одраз на нашиот спортски дух. Благодарение на огромните напори на Аргентинскиот фудбалски сојуз, кој им обезбеди на сите наши репрезентативци сè што им треба, репрезентацијата ќе патува во Бразил за да игра на континенталниот турнир. Сите членови на нашиот тим ќе работат заедно за да ги надминат сите тешкотии што, за жал, подеднакво ги погодуваат сите јужноамериканци“, стои во објавата.
Претходно репрезентацијата на Бразил објави дека не сака да учествува на Копа Америка во вакви услови на пандемија.