Бесмир Бојку пред портите на Чаир!

650

Како што дознава СПОРТМЕДИА, големи се шансите Бесмир Бојку по пет години пауза одново да го облече белиот дрес на Шкупи. Иако во минатите денови се шпекулираше со негов трансфер во Струга Трим Лум, се чини дека екс младинскиот репрезентативец на Македонија е пред портите на Чаир.

Бојку во Шкупи беше во сезоната 2015/2016 и тоа како позајмен фудбалер на Шкендија.

Играчот за врска до пред некој ден беше член на Фероникели од Косово, каде мина две сезонија играјќи во одлична форма. Претходно играше за Шкендија, Работнички и Македонија ЃП.

Со Бојку во средниот ред, ако сепак се оствари овој најавен трансфер, тренерот на чаирчани Гоце Седлоски ќе има и тоа како конкурентен тим.

ПретходноЧупиќ се врати на стариот имиџ (ФОТО)
СледноАлушовски: Честитки до играчите, ова беше лесен тренинг, утре ќе направиме промени!