Голманот на Вардар Борко Ристовски успешно ја заврши операцијата на коленото.
Искусниот чувар на мрежата веќе долго време имаше проблем со менискусот, и дел од мечевите ги играше под инекции, се со цел, Вардар сезоната да ја заврши со двојната круна.
Поради итноста на повредата тој по завршувањето на последниот меч од сезоната најави дека ќе мора да оди на операција и ќе ги прескокне дуелите со Металоплатика во рамките на СЕХА лига за место во четвртфиналето.
Борко денеска преку официјалниот ФБ профил на РК Вардар им се обрати на фановите, порача дека се чувствува добро, а останатиот дел слушнете го во продолжение.