Вардар ја отвори портата кон четвртфиналето, Металопластика без шанса

168

Вардар 1961 по првата пресметка со Металопластика за пласман во четвртфиналето има предност од осум гола. По триумфот од 31-39 веќе е јасно дека против ППД Загреб ќе бара  место на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига. Реванш дуелот меѓу овие две средби се игра утре, исто во СЦ „Јане Санданки“ со почеток во 16 часот.

Гостите имаа добар вовед во натпреварот, на двапати водеа со плус четири (2-6, 3-7 и 4-8). Македонскиот тим со серија од 5-0 поведе со 9-8, неколку минути имаше нешто поголема неизвесност, а потоа Вардар во целост го превзема мечот во свои раце. На одморот замина со позитива од 19-14.

Во продолжение немаше падови, силата на „црвено-црните“ дојде до израз, Вардар имаше водство од 24-31 во 17. минута, доволно за мирен финиш.

Ловро Јотиќ постигна 10 гола и беше најефикасен на мечот, зад него беше Тимур Дибиров со седум погодоци.

ФОТО: РК Вардар/Денис Дуковски

ПретходноГранада подготвува „бомба“ – доаѓа Јоветиќ
СледноИ официјално: Екс-селекторот по три сезони се раздели со Крајова