Повратникот на кормилото на Вардар, Веселин Вујовиќ во интервју за „Балкан Хендбол“ ги сподели своите очекувања од враќањето во Скопје.
„Кога ќе ги погледнеш социјалните мрежи од 500 пораки дури 480 се негативни кога е Стевче во прашање. За мене тој е одличен тренер и феноменален човек, но му недостасува харизма, има нешто што на луѓето не им се допаѓа. Стевче е прекрасен човек, би го носел на грб до Ниш. Луѓето тоа не го знаат, тие само ги гледаат гестовите на телевизија и врз основа на тоа го градат мислењето за него“, изјави Вујо.
На прашањето за изјавата на Стоилов дека Вардар со заминувањето на Алушовски би се вратил 10 години назад, Вујо вели:
„Не сакам да коментирам додека не слушнам од Стојанче што мислеше со таа изјава. Ако тоа изгледаше како да го брани Стевче, прво да ги објасни гестовите на непочитување кон него на тајм-аутите, а потоа да се залага за него“, порача Вујовиќ.