Германија добро се „загреа“ за ЕП – ја разнесе Летонија 7:1

197

Фантастична контрола на Германија во пресрет на Европското првенство. „Панцерите“ вечерва на „Меркур Шпил“ арена во Дизелдорф ја „разнесоа“ Летонија со 7:1.

Во првото полувреме Германците имаат 5:0, а серијата ја отвори Робин Гусенс со својот дебитантски погодок за националниот тим. По него погодија Илкај Гундоган, повратникот Томас Милер, потоа Озолс си постигна автогол, а Гнабри на асистенција на Хумелс зголеми на 5:0.

Во второто полувреме Тимо Вернер само што влезе со првиот контакт со топката зголеми на 6:0, во меѓувреме Саваљевс намали, за веќе во наредната акција Лирој Сане да зголеми на 7:1 што воедно беше и конечен резултат.

Дел од головите:

ПретходноХумелс: Имаме се што треба за да го освоиме ЕП
СледноТиквеш продолжи со Спахиу и Наумчески