Дарко Велковски ова лето би можел да се пресели во Панатинаикос!

997

Покрај интересот за Иван Тричковски, за кого медиумите во Грција наголемо пишуваа во изминатите денови, грчкиот гигант Панатинаикос бил силно заинтересиран и за уште еден наш репрезентативец, а тоа е Дарко Велковски. Имено новиот стратег на „зелените“ од Атина, Иван Јовановиќ го предложил Македонецот како засилување во стоперската линија. Имало контакти со менаџерите на Велковски, е сега останува да започнат преговорите мешу двете страни.

Инаку Велковски во Ријека е веќе три години, тој од Вардар во јуни 2018 година замина во хрватскиот клуб како слободен играч. Важечкиот договор му истекува за неколку денови, но има опција истиот да биде продолжен за уште една година. Пред неколку денови медиумите во Хрватска јавија дека Ријека успела да го наговори Велковски за продолжување, па сега останува да се види дали нашиот стопер би заминал во Пао како слободен играч или пак клубот од Атина мора да плати отштета. За услугите на Велковски свој интерес пројавуваше и Фрајбург, членот на Бундеслигата.

Од друга страна концентрацијата на Велковски е насочена икон настапот на Македонија на ЕУРО 2020. Веќе на 13 играме со Австрија, четири дена се среќаваме со Украина, а на 21 јуни и гостуваме на Холандија, денот кога на Дарко му е роденден и кога тој ќе наполни 26 години.

ПретходноУЕФА ги откри бонусите: Секоја победа во групната фаза на Еуро 2020 носи 1 милион евра!
СледноДресовите на Украина со мапа на анексираниот Крим предизвикаа проблеми пред Еуро 2020