Де Бур ќе го земе Ван Дајк за Еуро 2020, ама само како „мотиватор“

180

Иако одби да биде вклучен во составот на Холандија, Вирџил ван Дајк сепак може да биде дел од делегацијата на „лалињата“ на претстојното Еуро 2020.

Британски „Мирор“ објави дека тренерот Франк де Бур планира да го земе 29-годишниот дефанзивец во некоја форма на помошник тренер, така што Ван Дајк може да им помогне на своите соиграчи со своето искуство и да ги мотивира уште повеќе на ЕП.

„Вирџил е исклучително важен за нашиот тим и носи дополнителна мотивација – фактор што е клучен за момците во последните неколку години. Секој во тимот ужива во неговото присуство”, изјавил Де Бур.

ПретходноВујо: Алушовски е одличен тренер, Столе нека ги објасни гестовите на тајм-аутите
СледноРаботнички го донесе Бојан Илиевски како прво засилување