Еузебио ди Франческо ќе ја предводи Верона во новата 2021/22 сезона во италијанската Серија А. Поранешниот стратег на Каљари, Рома, Сасуоло и уште неколку италијански екипи потпиша договор со клубот од градот на Ромео и Јулија до јуни 2023 година.
Инаку Ди Франческо во февруари доби отказ од Каљари, но остана на нивниот платен список се додека не го побара Верона. Тој го менува Иван Јуриќ кој замина во Торино.
Најдобрите моменти како тренер Ди Франческо ги имаше со Сасуоло кого го однесе до Серија А во 2013 година. Како играч со Рома го освои „скудетото“ во 2000/01.