РК Еурофарм Пелистер ги продолжи договорите со ракометарите Гоце Ојлески и Никола Маркоски. Двајцата се обврзаа на верност на уште една сезона и според новиот договор ќе останат во Битола најмалку до јуни 2022 година.
Ојлески во клубот дојде во Одорхеи во 2017 година, а Маркоски од Орошази во 2018 година.
„Нашиот клуб од година во година расте и амбициите се поголеми. Пред неколку години игравме во пониската лига, сега настапувавме во Лига Европа и мислам дека успешно се претставивме. Нема тука да застанеме, амбициите за следната сезона се поголеми и се надевам дека ќе оствариме поголеми успеси. Не ја криеме амбицијата да ја донесеме титулата во Битола. Годинава не успеавме, но се надевам дека следната сезона со уште подобар тим, ќе го оствариме тој чекор“, рече Ојлески по потписот на новиот договор.