Зинедин Зидан, довчерашниот тренер на Реал Мадрид конечно одлучи кога и на каков начин ќе се врати на работа. Имено тој ќе ја предводи селекцијата на неговата земја, реперезентацијата на Франција, а ќе ја преземе веднаш по завршувањето на СП во Катар 2022 година.
Тоа е негова одлука, но и одлука на Фудбалскиот сојуз на таа земја.
Актуелниот селектор Дидие Дешамп, соиграчот на Зидан од времето кога беа заедно во Јуве и во селекцијата на Франција, има договор до 2022 година. И како што се напоменува има намера да го одработи до крај.
Единствено може да ги поремети плановите катастрофален резултат на Франција на претстојното ЕУРО 2020, па сојузот предвреме да го раскине договорот и да го постави Зидан.
Но тоа е малку веројатно.