И официјално: Екс-селекторот по три сезони се раздели со Крајова

280

Екипата на Крајова денеска и официјално потврди дека Александар Тодоров повеќе не е тренер. Оваа информација беше позната, поранешниот македонски селектор по завршување на последниот меч оваа сезона на прес-конференција најави дека нема да биде стратег и дека неговиот план е да се врати во Македонија.

Тодоров повеќе од две недели е во Скопје, засега нема донесено одлука дали ќе продолжи како тренер или пак ќе го гледаме во една поинаква улога.

Соработката меѓу Тодоров траеше три сезони, за првпат на клупата на овој тим седна во сезоната 2018/19.

ПретходноВардар ја отвори портата кон четвртфиналето, Металопластика без шанса
СледноЧупиќ се врати на стариот имиџ (ФОТО)