Нголо Канте не престанува да биде центар на внимание на светската јавност. По триумфот на Челзи во Лигата на Шампионите, а пред претстојното Европско Првенство, тој е тема на многу текстови, написи… Самиот тој смета дека доволно е напишано за него, дури и на моменти се претерува.
„Да, малку како да тоа отиде во сосема поинаков правец. Да, јас сум тој што сум, мојот карактер е таков, се согласувам со сите, моите колеги се и мои пријатели. Правам добро за останатите, но истото го прават и многу други мои соиграчи. Не треба од тоа да се прави постојана тема, јас сум само еден од нив“ – изјави Канте.
Тој во моментов има 30. години ја игра формата на својата кариера, и е среќен во дресот на Челзи.
„Јас сум во клубот веќе пет години. Минатата сезона беше одлична, се надевам дека имам уште многу. Овде се чувствувам добро“ – изјави Канте.