Нестор е во Скопје, патува заедно со репрезентацијата

630

Илија Несторовски е во Скопје и ќе патува заедно со своите репрезентативни колеги на Европското првенство.

Иако за жал поради повреда нема да може да настапи, нашиот репрезентативен табор инсистираше Нестор да биде дел од експедицијата и да дава подржка од непосредна близина.

Тој денеска пристигна во базата на репрезентацијата на Македонија, и утре кога нашите фудбалери и официјално ќе се упатат кон Романија, и Несторовски ќе биде во авионот.

Тој со цело срце ќе навива за своите соиграчи. Нему и местото му е меѓу нив, затоа што Несторовски има голем удел во нашиот фудбалски национален успех кој во моментов ни се случува.

ПретходноБорко Ристовски успешно опериран (ВИДЕО)
СледноШкупи го промовираше Кире Маркоски