Кошаркарите на ЛА Клиперс се последниот патник во втората рунда од плејогфот во НБА лигата, откако синоќа успеаја да ги победат Лука Дончиќ и Далас во „мајсторката“ на домашен терен.
Составот од ЛА ја доби решавачката битка во седмиот меч 126:111 и со тоа ја затвори серијата со 4-3 во победи. Клиперси сега во втората рунда за противник ќе го имаат тимот на Јута Џез.
Лука Дончиќ постигна 29 поени во првото полувреме и заврши со вкупно 46, но домаќините одговорија со неверојатен шут за три поени, што практично ги остави тексашаните без одговор. Смао во првото полувреме Клиперс погодија 11 тројки со 63% реализација за водство од 70:62.
До крајот на мечот домашните погодија 20 тројки, а Далас шутот од зад линијата не го послужи и само 10-те тројки од близу ист број обиди беше главната причина за тоа што Ленард и неговите соиграчи го направија главниот чекор до победата. Каваи постигна 28 поени, но имаше извонредна поддршка од Маркус Морис кој постигна 23, како и од резервите Теренс Ман и Лук Кенард, кои завршија на 13-то, односно 11 поени.