Шпанската тениска ѕвезда Рафаел Надал се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос по победата над 19-годишниот италијански тенисер Јаник Синер со 7:5, 6:3 и 6:0 за два и пол часа игра.
Надал имаше проблеми само во првиот сет, губеше со 3:5 но успеа да го сврти резултатот во своја полза и да поведе со 1:0.
Натаму се беше на негова страна. Во следната фаза „Кралот на земјените терени“ ќе игра со Диего Шварцман кој го елиминира Јан-Ленард Шруф со 7:6, 6:4 и 7:5.