Точно 28 години без кошаркарскиот “Моцарт“!

246

Минаа точно 28 години од смртта на Дражен Петровиќ, на еден од најдобрите ако не и најдобар кошаркар во Европа во историјата. На тој проклет 7 јуни 1993 година, во сообраќајна несреќа во Германија, на неполни 29 години замина во легендите кошаркарскиот “Моцарт“. Неговата Хрватска никогаш не го прежали, си минуваат годините од тој 7 јуни 1993 година, ни останува само да се потсетуваме на неговата кошаркарска виртузност, каде и да играше.

Шибенка, Цибона, Реал Мадрид, Портланд, Нетси, репрезентацијата на некогашна СФРЈ, репрезентацијата на Хрватска.

Спортист со неверојатна глад за победа, за кош повеќе. Неговите современици добро паметат дека не само што беше кош – машина, туку и миленик на сите фанови, посебно од овие простори.

Ќе ни треба страници и страници, часови и часови да пишеме и раскажеме што се освои Дражен. Сите можни трофеи на клупски план, медали со репрезентацијата на екс СФРЈ на сите можни натпреварувања.

Едноставно Дражен беше херој на нацијата.

Тој кобен 7 јуни пред 28 години, некој од горе посака да го гледа како “Моцарт“ игра кошарка само за него.

Штета, имаше Дражен уште многу, уште што да покаже.

На врвот на кариерата си замина легендата… си замина кошаркарскиот “Моцарт“.

ПретходноДресовите на Украина со мапа на анексираниот Крим предизвикаа проблеми пред Еуро 2020
Следно„Јутјуберот“ издржа на нозе осум рунди со Мејведер (ВИДЕО)