УЕФА ги откри бонусите: Секоја победа во групната фаза на Еуро 2020 носи 1 милион евра!

427

Покрај сумата од 9,25 милиони евра која секоја репрезентација ќе ја добие со самото учество на завршницата на Европското првенство, УЕФА ги определи и наградите за секоја извојувана победа на Еуро 2020.

Според официјалните информации, секоја победа во групната фаза носи сума од 1 милиони евра, додека за секој нерешен резултат репрезентациите ќе добиваат бонус од 500.000 евра.

Селекциите кои ќе се пласираат во втората фаза на првенството ќе бидат наградени со дополнителни 1,5 милион евра. Според договорот на ФФМ, 30% од сумата на секој бонус кој ќе биде исплатен од УЕФА за настапот на Македонија ќе оди како премија за фудбалерите.

ПретходноПроблем за Шпанија: Капитенот Бускетс позитивен на Ковид-19
СледноДарко Велковски ова лето би можел да се пресели во Панатинаикос!