Украина со убедлив триумф над Кипар патува на ЕП (видео)

331

Репрезентацијата на Украина со 4:0 ја совлада репрезентацијата на Кипар и со набилдана самодоверба патува на Европското првенство. Да потсетиме дека Украина е во групата со Македонија, Австрија и Холандија.

Избраниците на Андреј Шевченко имаа лесна работа на овој меч кој се одигра во Харков. Во 36 минута Панајоти направи опасен старт по кој доби црвен картон, а судијата покажа пенал. Јармоленко стрелаше од 11 метри за водство, а пред крајот на првото полувреме уште еден пенал за Украинците откако еден играч на Кипар играше со рака во својот шеснаесетник.

Сега прецизен од белата точка беше Зинченко.

На почетокот на  второто полувреме во игра влезе Марлос, натурализираниот Украинец со бразилски корени кој игра во Шахтјор. Тој му асистираше на Јаремчук за 3:0, а потоа и на Јармоленко за 4:0.

На другите денешни пријателски натпревари: Србија – Јамајка 1:1, БиХ – Катар У23 5:1.

ПретходноАлушовски: Честитки до играчите, ова беше лесен тренинг, утре ќе направиме промени!
СледноФФМ приреди едно поинакво доживување за фудбалските „гурмани“ (ВИДЕО)