Хрватот Тот од Охрид се пресели во Бутел

346

Хрватскиот ракометар Денис Тот е нов ракометар на Бутел Скопје. Како што утрово објавија од клубот, десниот бек потпиша договор со нашиот суперлигаш на една сезона.

Тот има 27 години и во Бутел доаѓа од Охрид, каде што ги мина последните две сезони. Хрватот потекнува од Ѓаково, играше за шпанскиот Адемар Леон, австрискиот Брик, хрватските Пореч и Бјеловар, пред во 2019 година да дојде во Македонија.❗

„По две сезони во Охрид се одлучив да ја променам средината. Добрите услови, амбициите на клубот…беа пресудни да ја прифатам понудата на Бутел Скопје. Се надевам на успешна соработка и добри резултати. Следната сезона посакувам да се најдеме на врвот во македонската Суперлига. Прво да избориме плеј-оф, па потоа да се бориме и за место во Европа. Веќе сум две години во Македонија, брзо се навикнав и на Суперлигата, бидејќи според мене е најинтересна лига на Балканот – има многу силни клубови, тешки натпревари и непредведливи резултати“, вели Тот.

Претходно„Јутјуберот“ издржа на нозе осум рунди со Мејведер (ВИДЕО)
СледноАвстрискиот селектор за Македонија: Ќе се бранат и ќе чекаат на наши грешки