Повратникот во германскиот национален тим, Матс Хумелс верува во успех на репрезентацијата на претстојното европско првенство. Германците се во групата Ф заедно со Франција, Португалија и Унгарија. Искусниот бек верува дека Германија не само што ќе ја помине групата туку и ќе ја освои титулата.
„За време на СП 2018 нашиот проблем беше некоординираната екипа. Немавме единство. Тоа нема да се случи на престојното европско првенство. Сега секој во екипата е спремен да ги жртвува личните амбиции за успех. Имаме се што е потребно да го освоиме ЕП“, изјави Хумелс за „Кикер“.
Foto> Twitter/Bayern & Germany
Thomas Müller and Mats Hummels make their first appearance for Germany since November 2018 pic.twitter.com/RTJ5JRBB6g
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) June 2, 2021