Чеде Јаневски и официјално е асистент во стручниот штаб на репрезентацијата на Ј. Африка!

572

Она што се најавуваше веќе неколку недели, од денеска е и официјално. Чеде Јаневски, еден од нашите најдобри тренери, екс селектор на Македонија, е асистент во стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка.

Македонецот откако имаше успешна сезона на Кипар, ја прифати поканата на белгискиот стратег, Хуго Брос, да му биде прв соработник. Чеде веќе неколку дена работи со репрезентативците на Ј.Африка, но денеска беше официјално промовиран.

Интересно е тоа што веќе за три дена, Јаневски ќе ја води селекцијата на Ј. Африка против Уганда. Имено селекторот Брос уште во Белгија поради ревакцинација на Ковид-19.

ПретходноПандев пред ЕУРО: Јас сум оптимист, ова е најдобрата репрезентација што ја имала Македонија
СледноКорисни информации за сите кои ќе патуваат на ЕУРО 2020 и ќе ја бодрат Македонија