Шкупи го промовираше Кире Маркоски

959

Кире Маркоски е нов играч на тимот на Шкупи. Досегашниот член на Академија Пандев и поранешен Македонски младински репреземтативец потпиша договор со тимот од Чаир и со тоа станува член на клубот кој за следнаѕа сезона има шампионски амбиции.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на сопственикот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената шанса. За време на разговорите тие ме информираа со своите идеи за целите и амбициите на клубот. Токму желбата и амбициите на клубот за успех во локалното првенство како и на европската сцена беа причината што решив да потпишам за ФК Шкупи’ – изјави Маркоски. 

 

 

 

ПретходноНестор е во Скопје, патува заедно со репрезентацијата
СледноКФСМ домаќин на три ФИБА „челенџери“