„Јутјуберот“ издржа на нозе осум рунди со Мејведер (ВИДЕО)

510

Во егзибициски боксерски дуел, „јутјуберот“ Логан Пол ги издржа сите осум рунди против Флојд Мејведер, можеби најдобриот боксер во последните триесетина години.

На „Хард рок“ арената во Мајами, пред повеќе од 60.000 гледачи, се случи борба што многумина ја гледаа со потсмев. Сепак, не само што арената беше полна, туку и серверите пукаа од бројот на оние кои беа подготвени да платат за да ја гледаат борбата на телевизија.

За време на осумте рунди, беа виден вкупно само 73 удари, а Мејведер беше главно тој кој напаѓаше. Пол најчесто се обидуваше да го фати Мејведер во клинч и со тоа да остане на нозе и по осум рунди.

„Само сакам некој да ми каже дека нешто е невозможно. Фактот дека сум тука со најголемиот на сите времиња покажува дека е можно да се успее и покрај малите изгледи. Секој може да направи големи работи. Флојд Мејведер, ми беше чест“, рече 26-годишниот Пол.

Мејведер се повлече од професионалниот бокс во 2017 година, откако ја победи ММА sвездата Конор МекГрегор. Тој во кариерата има скор 50-0, а по борбата со „јутјуберот“ рече дека е подготвен за вакви егзебиции.

„Се забавував. Мора да разберете дека тој нема 21 година. Беше подобар отколку што мислев“, изјави 44-годишниот Мејведер.

ПретходноТочно 28 години без кошаркарскиот “Моцарт“!
СледноХрватот Тот од Охрид се пресели во Бутел