Селекторот на Шпанија, Луис Енрике веднаш повика заменик на Серхио Бускетс кој ќе го пропушти Европското првенство поради позитивен тест на КОВИД-19. Тој нема да учествува, а Енрике веднаш го повика играчот на Селта, Брајс Мендес.
Новината ја потврди клубот од Галиција, кој објави, дека фудбалерот го прекинал одморот на грчкиот остров Миконос и веднаш фатил авион за Шпанија и да биде дел од националниот тим. Ваква шанса не се пропушта, а за тоа е свесен и Мендес.
Инаку овој играч има 24 години, роден е во местото Мос, во Галција, а кариерата ја почнал во младинските категории на Виљареал. Во 2012 година преминува во младинскиот тим на Селта, а две години подоцна дебитира за Б тимот на овој клуб од Виго. Во 2017 година влегува и во А тимот. Минатата сезона имаше фантастични настапи, па се најде во поширокиот список на селекторот Енрике. Инаку има настапи за младинските категории на Шпанија, како и еден настап за А репрезентацијата и тоа ги одигра последните 30 минути против БиХ во ноември 2018 година.