Ни 46 поени на Дончиќ не го однесоа Далас во следната рунда од плејофот (ВИДЕО)

250

Кошаркарите на ЛА Клиперс се последниот патник во втората рунда од плејогфот во НБА лигата, откако синоќа успеаја да ги победат Лука Дончиќ и Далас во „мајсторката“ на домашен терен.

Составот од ЛА ја доби решавачката битка во седмиот меч 126:111 и со тоа ја затвори серијата со 4-3 во победи. Клиперси сега во втората рунда за противник ќе го имаат тимот на Јута Џез.

Лука Дончиќ постигна 29 поени во првото полувреме и заврши со вкупно 46, но домаќините одговорија со неверојатен шут за три поени, што практично ги остави тексашаните без одговор. Смао во првото полувреме Клиперс погодија 11 тројки со 63% реализација за водство од 70:62.

До крајот на мечот домашните погодија 20 тројки, а Далас шутот од зад линијата не го послужи и само 10-те тројки од близу ист број обиди беше главната причина за тоа што Ленард и неговите соиграчи го направија главниот чекор до победата. Каваи постигна 28 поени, но имаше извонредна поддршка од Маркус Морис кој постигна 23, како и од резервите Теренс Ман и Лук Кенард, кои завршија на 13-то, односно 11 поени.

ПретходноГерманија по третпат е европски шампион за играчи до 21 година (ВИДЕО)
СледноХамилтон стиснал погрешно копче и затоа остана без бодови во Баку?!