Струга пред Шкупи го „лапна“ Бесмир Бојку

788

Екипата на Струга Трим Љум победи во трката со Шкупи по играчот од средниот ред Бесмир Бојку. Поранешниот младински репрезентативец го напушти Фероникели и беше пред трансфер во Шкупи, меѓутоа во игра се вклучи и Струга и успеа да победи.

Бојку е поранешен играч на Шкендија, играше една сезона и за Шкупи (2015/16), како и за Работнички.

Тој ќе биде добро засилување за Струга за дебитантскиот настап во Европа, поточно во Конференциската лига.

ПретходноЧетворица екс-вардарци во ТОП-10 листата на најголеми промашувања
СледноTукушто замина на одмор на Миконос, се врати за да го замени Бускетс на ЕП