Во пресрет на ЕУРО 2020, кое со нетрпение го очекуваме, СПОРТМЕДИА ги одбра своите стручни коментатори за историскиот настап на нашата најдобра фудбалска репрезентација на едно големо натпреварување.
Анализи, коментари, очекувања, прогнози…сето тоа ќе може да читате на нашиот портал во следните месец дена, се разбира во преден план ќе биде Македонија, но ќе се анализираат и останатите случувања на ЕУРО 2020.
Мирсад Јонуз, Артим Шаќири, Ѓорѓи Христов и Виктор Треневски се нашите стручни коментатори и аналитичари за претстојното ЕП.
МИРСАД ЈОНУЗ. Некогашен селектор на У-21 репрезентацијата на Македонија, потоа селектор на А-тимот. Еден од нашите најдобри и најпознати стратези, тренери.
До неодама со успех работеше во Катар, а сега е пред уште еден трансфер надвор од Македонија.
АРТИМ ШАЌИРИ. Eден од најдобрите наши фудбалери во историјата на самостојна Македонија. Стрелец на легендарниот гол од корнер против Англија. Легенда на Вардар, еден од омилените спортисти во земјата. Долгогодишен репрезентативец, успешен тренер.
ЃОРЃИ ХРИСТОВ. Признато и познато име во мак – фудбалот. До неодамна втор стрелец во историјата на нашата репрезентација. Некогашен голем фудбалер, потоа и познат и успешен тренер.
ВИКТОР ТРЕНЕВСКИ. Член на златната генерација на ФК Партизан која беше неприкосновена во негово време во Србија. Некогашен фудбалер на Силекс и Пелистер.Познат и признат тренер на овие простори.
Интересно, сите тројца и припаѓаат на генерацијата 1998 година, кога заедно играа за репрезентацијата на Македонија во квалификациите за СП во Франција. Кога бевме најблиску до пласман на еден Мундијал.
Сите четворица со задоволство ја прифатија поканата и ние и нашите читатели сме среќни што ќе можеме да се дружиме со овие фудбалски стручњаци додека трае ЕУРО 2020.
Се разбира со заедничка желба репрезентацијата на Македонија да има успешен настап на ЕУРО 2020.