Македонската фудбалска репрезентација пристигна денеска во Букурешт, нашата база за претстојниот Европски шампионат, каде што ќе впрочем на 13 односно 17 јуни ги играме двата меча против Австрија односно Украина, и воедно и го одржа и првиот тренинг.
На стадионот во на Стеаута, популарно наречениот „Стадионул“, Македонија го одржа првиот тренинг, а на големиот семафор домаќинот се со големи букви напиша „ДОБРЕДОЈДЕ МАКЕДОНИЈА“.
Нашиот национален тим во следните денови се до недела ќе тренира по еднаш дневно, ден претходно е официјалниот тренинг нормално, а в недела следува она што сите го чекаме веќе три децении. Настапот на Македонија на едно големо фудбалско натпреварување, и мечот со Австрија со почеток од 18:00 часот.