Емотивен меч во СЦ „Јане Сандански“: Вардар ќе се збогува во осум ракометари

472

Реванш дуелот против Металопластика ќе биде посебен за осумина ракометари. Иван Чупиќ, Глеб Калараш, Марко Кизиќ, Кристијан Дисингер, Ловро Јотиќ, Јосип Векиќ, Робин Кантегрел и Васко Шеваљевиќ за последен пат ќе го носат „црвено-црниот“ дрес, а на клупата исто, за последен пат ќе биде Стевче Алушовски.

Ова е списокот на играчи кои од следната сезона нема да бидат дел од Вардар 1961. Па токму против Металопластика (дуелот е закажан во 16 часот) ќе се збогуваат со СЦ „Јане Сандански“ и со останатите играчи.

Што се однесува до самиот меч, македонскиот тим ќе има лесна задача, треба да одбрани позитива од осум гола за да се најде во четвртфиналето каде ќе ги чека ППД Загреб.

ПретходноСреќно момци – сега е ваше време (ФОТО)
СледноЗаев им посака среќа на фудбалерите пред да летнат за Букурешт (ФОТО)