Тимот на Силекс прави комплетна реконструкција на екипата со оглед на фактот што по испаѓањето од прва лига голем дел од првотимците си заминаа од Кратово.
Дел не сакаат да играат во втора лига, дел беа странци и автоматски се во „аут“. Новиот тренер Горазд Михаилов ги презема „конците“ во свои раце, прави тим најпрво за настап во Европа, па потоа и за експресен кам бек во прва лига.
Па така, новитети во Кратово дефинитивно се искусниот Стојан Стојчевски кој веќе еднаш беше дел од тимот на Силекс, потоа Дарко Алексоски и Мартин Димоски. Сите тројца имаат и повеќе од доволно искуство, за да го понесат товарот на фаворити следната сезона и да го направат Силекс водечки тим во оваа западна второлигашка конкуренција.