Словенечки Требње се пофали со Тоше Ончев

962

Македонскиот лев бек, Тоше Ончев кариерата ќе ја продолжи во словенечкиот Тримо Требње. Двете страни се договорија за тригодишна соработка, а Ончев во Словенија оди од Работнички.

Тој имаше добра сезона во Работнички, со своите голови и добри настапи успеа да му обезбеди опстанок на клубот. Претходно играше и за клубови од Грција и од Франција.

Горд сум што ќе ги бранам боите на Тримо во наредните три сезони. Едвај чекам да работам со ракометна легенда како Урош Зорман и верувам дека можам да бидам дел од убава приказна во иднината на тимот“, изјави Ончев.

ПретходноСловенечката сензација Зиданшек стигна и до полуфинале на Ролан Гарос!
СледноОтфрлен од Саутемптон, па од четврта лига до ЕП со Англија за 4 години