Алушовски: Честитки до играчите, исполнивме три од четирите цели!

189

Вардар 1961 победнички ја заврши сезоната. На последниот меч „црвено-црните“ ја совладаа Металопластика и се пласираа во четвртфиналето во СЕХА-лига. Ова беше последен меч за осумина ракометари, но и за стратегот Стевче Алушовски, кој е задоволен од играта и оствареното.

„Последен натпревар, честитки за момците за играта, залагањето и борбеноста. Тешко е бидејќи е крај на сезоната повеќето играчи веќе размислуваат за одмор или во нови средини, Задоволен сум од текот на целата сезона, остваривме три од четирите цели. Честитки на момците за залагањето и за сто она што го направија за Вардар. Шанса добија оние кои не играат многу, но морав да ги вклучам поискусните за да спасуваме и да се враќаме од негатива“, изјави Алушовски по натпреварот.

ПретходноСилекс посилен за Стојчевски, Алексоски, Димовски….
СледноМауруцио Сари се договори со Лацио