Ашковски на пат за Сепси

270

Стефан Ашковски својата одлична измината сезона во дресот на Ботошани ќе ја наплати со трансфер во тимот на Сепси.

Спортмедиа дознава дека левиот крилен напаѓач заминува во овој амбициозен клуб, кој има намера следната сезона да има уште посилен тим и да атакува на највисоките места во шампионатот на Романија.

Ашковски многупати гравитираше околу списокот на селекторот Ангеловски во изминатата сезона, пред се поради одличните настапи за својот клуб, но не се најде на финалниот список кој замина за Европскиот шампионат.

 

ПретходноМакедонија го одработи првиот „Европски“ тренинг (Фотогалерија)
СледноЗијеш по само една сезона си оди од Челзи и се сели на „Сан Сиро“