Кошаркарите на Бруклин Нетс синоќа го победија Милвоки со 125-86 и поведоа со 2-0 во плеј-оф серијата.
Нетси итаат кон финалето во Источната конференција, иако во составот го немаат Џејмс Харден лесно дојдоа до втората победа. Бруклин одиграа одличен натпревар, им одржаа вистинска лекција на Бакси. Веќе по првата четвртина беше јасно дека кошаркарите на Милвоки нема лесно да минат.
Првата четвртина им припадна на Нетси со 36-19, додека на полувреме беше 65-41, по ова водство беше јасно дека овој меч ќе заврши во корис на Бруклин.
Многу добар меч одиграа Денвер и Феникс, на крајот победата ја однесоа Санс, кои поведоа со 1-0.
Во првото полувреме беше изедначено, на паузата Нагетси имаа минимална предност од 58-57, но Феникс заигра многу подобро, на крајот славеше со 122-105. Бридџес постигна 23 поени, Букер и Крис Пол запишаа по 21. На другата страна Никола Јокиќ реализираше 22 поени.