Италијанците имаат изненадување: Две легенди на Рим ќе го отворат Еуро 2020

667

Франческо Тоти и Алесандро Неста, наводно, ќе учествуваат на церемонијата на отворање на Еуро 2020 на „Стадио Олимпико“ во Рим.

Двојката која со Италија го освои Светското првенство во 2006 година се вистински легенди во градот, бидејќи Тоти ја помина целата кариера во Рома, додека Неста беше капитен на Лацио.

Според извештаите, и двајцата ќе учествуваат на церемонијата на отворање во петок, шутирајќи топки на трибините кад еќе бидат сместени околу 16.000 навивачи.

Турнирот практично и почнува в петок од 21 часот со мечот Италија – Турција.

ПретходноРапорт од Букурешт: Агенти на Мосад во хотелот на Македонија!
СледноПандев, Елмас и Ангеловски во најдобриот Премиум Центар на „Аџибадем Систина“- ОВА Е ЕВРОПСКО