Огнен Дојчиновски
Македонската репрезентација тукушто го заврши првиот тренинг откако пристигна во репрезентативната база во Букурешт, Романија, каде што на 13. односно 17. јуни ги играме првите два од трите мечеви во групната фаза од Европскиот фудбалски шампионат.
Нашата репрезентација тренираше на новиот стадион на Стеауа, „Стадионул“, во комплетен состав, и засега немаме никакви проблеми.
Домаќинот, односно официјалниот организатор, не удостои со прекрасен натпис на големиот екран на стадионот „ДОБРЕДОЈДЕ МАКЕДОНИЈА“, со што и посака на нашата селекција убав престој и секако одлични игри и резултати на претстојниот контитентален шампионат.
Македонија ги стартува борбите в недела на 13 јуни со натпреварот против Австрија.