Марко Симоновски од Фероникели се сели во Дрита

762

Откако една полусезона помина во дресот на Фероникели, македонскиот фудбалски интернационалец Марко Симоновски ќе ја промени средината, но ќе остане во Косово.

Според извори на Спортмедиа, Симоновски е пред договор со екипата на Дрита од Гњилане, каде како тренер е нашиот стратег, Ардијан Нухиу.

Симоновски оваа сезона на 20 меча за Фероникели постигна 12 гола, а имаше и една асистенција.

ПретходноУште еден удар за Шведска: И Свенберг е позитивен на Ковид-19
СледноСпортмедиа анализа – Мирсад Јонуз: Сета поддршка за момците, и јас сум горд што Македонија е на ЕП!